Иако отрфли некои обвинувања за прекршување на патенти, судот од Хаг, Холандија, ја прифати тужбата од Apple дека Samsung копирал нивна технологија и дизајн и му забрани на Samsung да продава три модели на Galaxy паметните телефони во неколку европски земји во кои е валиден софтверскиот патент EP 2059868. Патентот се однесува на интерфејс за менаџмент на фотографии на екран со допир.
Samsung ќе има седум недели да се подготви за ембаргото, односно да ги тргне Galaxy S, Galaxy S II и Galaxy Ace моделите од продавниците во Британија, Франција, Финска, Ирска, Линшенштајн, Луксембург, Монако, Шведска и Швајцарија, пишува BBC.
Samsung саркастично ја прифати забраната за продажба на паметни телефони велејќи дека „Денешнава одлука е потврда дека Galaxy производите се иновативни и препознатливи.“. Сепак јужно корејската компанија најави дека ќе ги преземе сите легални мерки за Galaxy уредите да останат во продажба.
Samsung во своето соопштение напиша дека одлуката се однесува само за Холандија, не и за другите европски земји. Но, бидејќи Холандија е главното пристаниште каде Samsung ја врши испораката, и од таму се врши дистрибуцијата на производите, јужно корејската компанија ќе мора да си ја реорганизира логистиката за да испрачува во другите европски земји, вели експертот за патенти Флориен Мулер од Foss Patents.
Покрај паметните телефони, Samsung е во војна со Apple и за дизајнот и технологијата во нивниот таблет компјутер, Galaxy Tab 10.1. Откако првин беше забранет за продажба во Европа од страна на германски суд, кој потоа ја тргна забраната, сега во малку бизарна одбрана Samsung се повика на филмот 2001: А Space Odisay велејќи дека режисерот Стенли Кјубрик, а не Apple го измислил iPad-от.







