Facebook го подобрува страничниот чет бар, но не без технички проблеми

Facebook го воведе новиот страничен чет бар со цел да ги заинтересира корисниците да започнат разговори и со пријателите со кои не комуницираат толку многу, но и да ја зачести комуникацијата со тие со кои се разговара најмногу истакнувајќи ги пријателите дури и кога се офлајн. Но, таа идеја ни донесе страничен чет бар кој напорен, во кој пријателите се наредени по азбучен ред, а не по важност, кој ја прави страната пренатрупана, како да не е преполна веќе, и кој ги листа офлајн пријателите со кои корисниците воопшто не комуницираат.

Сега, пишува TechCrunch, Facebook ќе стартува подобрен страничниот чет бар во кој пријатели со кои се неодамно четувало ќе се листаат најгоре, додека под нив, во одделена листа More Online Friends ќе се излистани останатите пријатели.

Исто така, некои корисници приметија и друг вид на експериментален страничен бар во кој се излистуваат и статуси од пријателите и од страните кои се следат. Некои корисници, пак, приметија дека плавиот хедер кај што е пребарувањето не се губи при листање на постовите надолу. Ова се најверојатно нови експерименти на Facebook.

Во меѓувреме, скоро цел ден, најверојатно поради промените на страната, Facebook корисниците ширум светот се соочени со постојани технички проблеми, од проблеми со објавување постови до пријавување дека страната е недостапна при логирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments