Основачот на Twitpic, Ноа Еверет, ја лансираше новата друштвена мрежa Heello, која по некоја случајност e индентична копија на Twitter. Овој потег и не треба да изненади, бидејќи Twitter со откривање на новата опција за закачување слики стана закана за серивисите кои веќе ја нудат оваа опција, како што е Twitpic.
Heello, покрај тоа што има скоро ист дизајн со Twitter, исто така ги содржи и потполно истите опции, само со друго име. Па така followers сега се викаат listeners, retweet сега е echo, а наместо твитање имаме пингање. Hello исто така го има задржано и „@“ симболот. Единствена разлика е тоа што твитовите, се извинувам, пинговите, сега се појавуваат во реално време. Heello исто така вклучува фид во реално време кој покажува што пингаат корисниците. Heello е интегриран со Twitter и Facebook, па така истовремено можете да споделувате и на овие друштвена мрежи.
Според Ноа Еверет, основачот на Heello, оваа друштвена мрежа наскоро ќе подржува видео, СМС интеграција, мобилни апликации, како и опција наречена Channels, која ќе им овозможи на корисниците да ги групираат своите „слушатели“. Оваа опција ќе ја има истата улога што и круговите на Google+, или листите на Twitter.
Опцијата на Twitter за закачување и споделување на слики може да стане закана за Twitpic, меѓутоа не можам да кажам дека Heello ќе стане закана за Twitter, друштвена мрежа која веќе брои 200 милиони корисници. Не гледам причина зошто некој би се префрлил на друга друштвена мрежа која нема ништо иновативно во себе, нудејќи потполно исти опции.








http://www.heello.com/thezikac
Ако сакате слушајте ме,и јас ќе ве слушам.