Македонската Joomla! заедница направи истражување за застапеност на системите за менаџирање содржини (CMS) кај македонските веб сајтови. Според истражувањето кое го отчитувал мета тагот <generator>, Joomla e убедливо најкористен CMS, користен од 12.94% од активните македонски домени кои дозволиле пристап до мета информацијата.
За истражувањето се искористени регистарот на МАРНет, страната домеj.от.мк која ги следи новите .мк домени, PHP скрипта и OpenOffice калкулаторот за пресметките и графиката.
Според регистарот, заклучно со 06.08.2011, се регистрирани 19.846 .мк домени. Од нив активни се 13.488, а неактивни се 6.358 .мк домени. Oд активните домени:
- во Joomla! се направени 1.746 или 12,94%
- во WordPress се направени 275 или 2,04%
- во Drupal се направени 11 или 0,08%
- во TYPO3 се направени 58 или 0,43%
- во домашниот ALBART се направени 36 или 0,27% од вкупно активните домени.
Во истражувањето се забележува и дека најголем број се оние страници што немаат мета таг запис за тоа во што се изработени. Ова може да значи и дека се изработува сопствен код, не се открива користената алатка или пак нема знаење како да се сподели таа информација…
(via @Darko156/@GixxerMKD)








Голем дел од WordPress додатоците што се за заштита ги отстрануваат податоците кој софтвер се користи и која верзија, сепак преку изворниот код може да се види дали сајтот е WordPress (патеките за темата и сл., /wp-content/).
Мислам дека WP има поголем процент од моменталите 2, но не доволно за да ја стигне Џумла во користеност кај македонските сајтови.
Поздрав.