Facebook ќе ги препознава не-тагираните страни за кои зборуваат вашите пријатели

6 коментари 1 мин. читање

Facebook продолжува со претставување на нови дополнувањa, па така од сега стримот ќе има нова опција која ќе ви покажува за што разговараат вашите пријатели. Кога статусите на повеќе ваши пријатели ќе го содржат името на некоја страница, во вашиот стрим сите овие статуси ќе се појават групирани во еден пост, со линк до страницата која е спомената.

Facebook ќе ја преопзнае страната во текстот иако таа не е тагирана и ќе ги поврзе постовите во опција наречена Posted About. На пример, доколку повеќе ваши пријатели во својот статус го имаат споменато it.com.mk, без да го тагнат, во вашиот стрим ќе ви се појават имињата на пријателите кои го имаат споменато it.com.mk, линк до страницата, како и сите статуси групирани во еден пост. Оваа опција ќе ви овозможи да дознаете што е актуелно кај вашите пријатели, а на страниците ќе им овозможи да добијат што поголем број на лајкови.

Како и за сите промени до сега, така и сега голем број од корисниците немаат позитивно мислење за оваа нова опција. Реакциите на корисниците можете да ги прочитате во коментарите каде е објавена оваа вест.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top