Доколку сте заинтересирани за компјутерска безбедност и имате Android телефон, наскоро ќе можете и вие да бидете хакери благодарејќи на апликацијата Android Network Toolkit, или скратено Anti, која треба да се појави на Android маркетот наредна недела.
Станува збор за безбедносна апликација, која ќе може да се пронаоѓа ранливи мрежи користејќи Wi-Fi алатка за пребарување на отворени мрежи, како и ќе содржи софтвер за откривање на IP адреси на уреди и да се инфилтрира во нив. Оваа апликација ќе може да напаѓа Windows компјутери, Android телефони, како и iOS телефони. Android Network Toolkit има команди за прислушкување, за шпионирање, како и за напаѓање. Откако ќе ги идентификува отворените мрежи ќе понуди опција за прислушување и за напаѓање користејќи ги ранливостите соберени од платформи како Metasploit и ExploitDB.
Сигурно се прашувате како може ваква апликација да биде легална. Zimperium, израелската компанија која стои зад Android Network Toolkit, се специјализира во безбедност, и оваа апликација има намена да пронаоѓа ранливи мрежи или уреди за да можат да се поправат. Zimperium исто така имаат направено и тројан кој може да направи скриншот од инфилтрираниот уред.
Оваа апликација ќе може бесплатно да се преземе од Android маркетот, а корпоративна лиценца ќе чини десет долари. Знаејќи дека оваа апликација ќе може да биде злоупотребена, Zimperium имаат оставено порака во апликацијата која вели: „Запомнете, со голема моќ доаѓаат и големи одговорности. Користете ја паметно.“
Zimperium ја претстави Anti апликацијата на овогодинешниот DefCon.
(via Forbes)
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.