На Quakecon 2011 беа претставени Rаge за iOS, Pray 2 и Elder Scrools V: Skyrim

Викендов се одржа најголемиот „донеси сопствен компјутер“ настан во Северна Америка. Настанот е oрганизиран од  id Software и го носи името на на веќе подзаборавениот шутер Quake.

Quakecon фестивалот се одржува во Далас и за прв пат се одржа во 1996 година. Организаторот го рекламира како најголема LAN забава во Северна Америка. Бројката на присутни секоја година расте и во 2010 година изнесуваше повеќе од 8.500 посетители, а оваа година се очекува да надмине 10.000 посетители. Со оглед на тоа дека фестивалот е бесплатен, веројатно претпоставувате дека зависи од работата на ентузијасти и волонтери. Ова е една од причините поради кои фестивалот е познат и како „Вудсток на гејмингот“.

Во денешно време QuakeCon е многу повеќе од гејминг фестивал и на него можете да видите презентации на најновите игри од id Software и нивните партнери.

Техничкиот директор на id Software, и водечкиот програмер на Wolfenstein 3D, Doom и Quake, Џон Кармак, ја објаснува новата RAGE игра и како се креираат игри.

За време на траењето на фестивалот id Software ги намали цените на iOS верзиите на своите игри за 50%, помеѓу поефтинетите се најде и нивната најнова игра Rage iOS. Покрај играта која ја развиваат 5 години RAGE, беа претставени и Pray 2 и Elder Scrools V: Skyrim  на нивниот партнер Bethseda.

Од другите настаните што се одржуваа на фестивалот, победник на Quake дуелите за 2011 по втор пат е “rapha” од SK-gaming.

Со оглед на тоа дека посетителите на фестивалот го носат своето домашно PC, можеа да се видат навистина интересни склопени компјутери, посебно во интересната BYOC салата можеа да се видат откачени модификациите на куќиштата од инвентивните гости.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
thjdm
14 years ago

Неколку поправки :).
Техничкиот директор на ИД софтвер се вика Џон Кармак и тој во неговиот говор воглавно зборуваше за RAGE – најмногу за техничката изработка. A Rage iOS е само споредна верзија.