0 коментари 1 мин. читање 8 август, 2011

Поминаа 20 години од стартување на првиот сајт. Среќен роденден info.cern.ch!

На 6-ти aвгуст 1991 година Тим Бернерс-Ли од лабораториите на CERN го стартуваше првиот веб сајт и веб сервер http://info.cern.ch, кој работеше на NeXT компјутер. Сајтот беше едноставен на кој посетителите можеа да научат повеќе за хиперлинкувањето и други технички детали за креаирање на свои веб страни и како да се пребарува Вебот, објаснува од CERN. Нема слики од тој прв веб сајт, но таа погоре е од сајтот во 1992 година.

Интересно, за пристап до тој сајт само Тим Бернерс-Ли и научниците од CERN имаа софтвер за прелистување, се до 1993-та кога беше стартува Mosaic прелистувачот преку кој можеа да се најдат повеќе сајтови.

Од тука ја знаеме приказната како денес не може да функционираме без Вебот. Но што понатаму? Подолу е видео од импресивниот TED говор на Тим Бернерс-Ли во кое објаснува за иднината, за семантичкиот веб и интернет на нештата.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}