1 коментар 2 мин. читање

Google верификација во 2 чекори сега е достапна и во Македонија

Google неодамна претстави нова опција за поефикасно да си ги заштите вашите Google профили. Станува збор за верификација во два чекора која има за цел да ве заштити од најразлични закани.

Оваа опција се состои од два неповрзани фактори за докажување на автентичноста. Верификацијата во два чекора функционира така што најпрво ја внесувате вашата лозинка, а потоа внесувате код кој претходно ќе ви биде директно пратен на вашиот телефон. Поради ефикасноста на верификацијата во два чекори, и големата побарувачка, Google ја направи опцијата достапна на 40 јазици во повеќе од 150 земји, меѓу кои е и Македонија.

За да ја активирате оваа опција, упатете се на страницата Account Settings и кликнете на Using 2-step verification. Потоа одберете дали сакате кодот да ви биде испратен преку SMS или преку посебна апликација за верификација, која е достапна за Android, iPhone и Blackberry. Доколку одберете SMS, ќе ви се отвори поле каде ќе треба да го внесете бројот на кој сакате да ви стигне кодот. Откако ќе ви биде испратен кодот, ќе ви бидат дадени бекап кодови, како и опција да ставите уште еден број, во случај да го изгубите телефонот.

Откако ќе ја активирате верификацијата во два чекора, Google ќе ве одлогира од сите профили. Бидејќи некои програми не ја користат оваа верификација, Google ќе ви овозможи да се логирате преку посебно креирана лозинка. Оваа лозинка нема потреба да ја меморирате, бидејќи се вметнува само еднаш. Програми кои користат ваква лозинка се: паметни телефони, мејл клиенти кои користат IMAP/POP, чет клиенти како Google Talk, и десктоп апликацијата на Picassa.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top