По одоговлекување, објавување па тргање на апликацијата од iTunes, Skype за iPad сега е достапeн за симнување.
Апликацијата изгледа одлично, супер е дизајнирана со лесен за користење кориснички интерфејст. Контактите со кои четувате се од десна страна, додека од лево се или листата со контакти на домашната страна, или стартуваниот чет.
Сепак тоа што е најинтересно е можноста за видео повици чиј квалитет зависи од камерата. Доколку имате прва генерација iPad тие немаат камера па може само да гледате, не и да споделувате видео од ваша страна, за разлика од iPad 2 кој има камера. Секако со iPad 2 ja имате и Face Time апликацијата за видео разговор на Apple, но таа има ограничувања бидејќи е само iOS кон iOS/Mac уред.
















