0 коментари 1 мин. читање

Направете си бренд страна на Foursquare

Локацискиот сервис Fousquare ги стартува бренд страните за компании, организации и издавачи. Foursquare страните, кои се слични на фан страните на Facebook, можат да се брендираат со лого, објаснување и мапа, а корисниците ќе имаат можност да ги следат и да ги добиваат најновите информации од брендот и за други брендови и локации.

Следењето на бренд страните е корисно доколку страните често објавуваат mayor попусти и други понуди врзани со чекирањата и со начинот како се користи локацијата за промоција. Одлични примери за како треба да се водат страните ќе најдете тука.

Креирањето страна е едноставно. Посетете го следниот линк, регистрирајте се или логирајте се и пополнете ги полињата со инфорамации и објаснувања. Доколку сакате да ги користите страната и да постирате преку неа, се логирате како странaта преку Page Managment опцијата. Ова користење е исто така слично како Use Facebook as Page опцијата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top