Nintendo во криза, EA и Microsoft со зголемени продажби во првиот квартал

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Изминантиот месец беа објавени заработките на поголем број на дизајнери на видео игри и производители на конзоли. Заедничко за најголем број од нив е што скоро сите со исклучок на Microsoft забележале загуби и намалена заработка за истиот период лани за првиот квартал, кој во финансиска смисла трае од крајот на март до почетокот на јули.

Во податоците кои ги објавија Microsoft, Xbox 360 ја продолжува доминацијата како најпродавана конзола во САД во 12 од последните 13 месеци. Microsoft објасни дека најголем дел од заработката е од Xbox и од новиот Kinect контролер како и Xbox LIVE мрежата. Во последниот квартал продажбата на конзоли е зголемена за 200.000 парчиња во однос на истиот период лани. Бројот на корисници на Live мрежата е зголемен и сега изнесува 35 милиони. Едниствен дел во кој има пад на продажбата е за оперативните системи Windows за кои од излегувањето на последниот оперативен систем Windows 7 во 2009 година се продадени 400 милиони копии.

Најлошо според предвидувањата се Nintendo чии профит е 82 отсто помал во однос на проектираниот. Nintendo имаат намалување на продажбата за Wii од 49% и за преносната конзола DS 54 отсто. Околу 710.000 конзоли се продадени во последнот квартал со што бројот на 3DS кој си најдоа сопственици се качи на скоро 5 милиони. И покрај бавниот почеток, Nintendo не одстапува од проектираните 16 милиони корисници. Покрај ова Nintendo се соочува со тужба од јапонската коорперација Tomita Technologies за патентот над преносната конзола 3DS. Покрај лошите бројки Nintendo останува на определбата да не прават игри за мобилни телефони иако станува збор за >187 милиони iOS уреди и огромен број на Android уреди кој се активираат дневно. Од мерките кои ги презеде Nintendo за намалување на загубата за издвојување се намалување на цената на 3DS за 40% и намалување на платите на бордот на директори помеѓу 20 и 30%, а претседателот на компанијата Ивата си ја намалил платата за 50 oтсто. Загрижувачки е што акциите на Nintendo продолжуваат да паѓаат и моментално се на најниско ниво. Според Џеси Дивнич „Ова ќе биде една од најкритичните празнични сезони за Nintendo историјата на компанијата.“

Дали Марио ќе го дочека 27 роденден?

За последните три месеци Sony забележаа пад на профитот од 10 oтсто за истиот период лани. Според експертите на Sony главен виновник за намалената продажба е катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Јапонија, како и пробивањето на PlayStation Network. Сепак PS3 и PSP остануваат најпродавани конзоли на светско ниво. И покрај проблемите кои ги имаше, Sony може да биде горд на фактот дека сè уште се азиски бранд со најголема доверба.

Ubisoft досега заработи 103 милиони евра и покрај падот на заработката од 36 отсто сепак ја надмина проектираната бројка од 90 милиони евра. Најголем дел од заработката се должи на Assassin’s Creed. Најдобра продажба имаа во Америка 58%, односно 32% во Европа. За вториот квартал Ubisoft предвидува заработка од 99 милиони, а на годишно ниво очекува заработка од 1 милијарда евра.

Една од компаниите којa забележа загуби во овој период се THQ Games, производителот на Warhammer. Покрај зголемената продажба од 195 милиони долари во однос на 149 милиони долари лани, сепак THQ забележа загуба од 38,4 милиони  долари. И покрај продажбата на Red Faction: Armageddon THQ не може да биде задоволен од постигнатото. Сепак најголемите наслови за THQ Games годинава се поместени за третиот квартал кога ги очекуваат Saints Row и Warhammer 40.000: Space Marine. За овој квартал THQ очекува да биде најдобар квартал во историјата на компанијата.

2.000.000 играчи! „puzzle solved”!

По се изгледа најдобар прв квартал имаше ЕА Games кој пријави заработка од 221 милиони долари со што ја дуплираше ланската заработка за истиот период. Најголем дел од заработката донесоа Dragon Age II, Dead Space со продадени 2 милиони копии од секоја, Crysis 2 со три милиони и Portal 2 со продадени 2 милиони копии. Имајќи ги во предвид изданијата на ЕА Sports кој вообичаено излегуваат во вториот квартал: FIFA, NBA, NFL и Tiger Woods: PGA, како и SW: The Old Republic и  Battlefield 3 чија претпродажба е вртоглава, можно е 2011 да биде најдобра година за EA Games во нивната 29 годишна историја.

И покрај тоа што кај THQ и Nintendo е запалено црвенот светло сè уште нема место за паника, барем за THQ, ако имаме во предвид дека имаат уште девет месеци да ја подобрат финансиската година, а пред нив сè уште се и новогодишните празници период кој традиционално е најдоходовен за производителите на видео игри. Од друга страна Nintendo ќе мора сериозно да поработат ако сакаат за пет години да ја прослават триесет годишнината на Zelda.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments