0 коментари 1 мин. читање

Новиот Аndroid Market е со редизајниран UI, а има и книги и филмови

Google ја подобри Android Market продавницата, додавајќи филмови и книги. За жал, книгите и филмовите ќе бидат достапни само во САД, барем во моментов, каде ќе се продаваат започнувајќи од 2 долари. Филмовите ќе можат да се гледаат инстантно преку Videos апликацијата.

Пазарот на апликации има и редизајниран UI. На интерфејсот се додадени нови листи на апликации, книги и филмови, и листи како Editor’s Pick и слични кои предложуваат нови интересни нешта.

Продавницата е достапна за телефоните со Android 2.2 и понова верзија на оперативен систем, и ќе се појави ширум светот во наредниве денови. Надградбата ќе биде автоматска, но ако не ви се чека може да ja симнете продавницата од тука.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top