EA ја купи PopCap Games за скоро 1.3 милијарди долари

во Свет

Во обид да се вклучи на пазарот на друштвени игри, Electronic Arts ја купи PopCap Games, краеторите на Bejeweled, Zuma и Plants vs. Zombies. EA ќе плати 650 милиони долари во кеш, 100 милиони во акции, и дополнителни 550 милиони зависно од успехот на Popcap во следниве две години, што може да се искачи до вкупни 1.3 милијaрди долари.

За EA, вели нивниот финансискиот директор Ерик Броун, аквизицијата на Popcap ќе може да помогне да и конкурираат на Zynga.

Zynga, компанија формирана пред 4 години, чии игри се популарните Farmville и MafiaWars, се спрема за јавно надавање од 1 милијарда долари што може да и ја искачи вредноста на компанијата на 20 милијарди долари, што е скоро два пати повеќе од вредноста на Electronic Arts во моментов.

„Со соработката со EA, ќе ги направиме нашите игри и сервиси да понудат повеќе друштвена, мобилна и секојдневна забава на уште поголема, поглобална публика.“, вели директорот на PopCap, Дејвид Робертс.

PopCap е една од неколкуте компании кои ги купи EA во последниве две години, почнувајќи од Playfish, Firemint и издавачот на Angry Birds, Chilingo.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments