4 коментари 1 мин. читање

JailbreakMe.com, лесно „хакнување“ на iOS уреди

Веб базираната алатка JailbreakMe.com функционира со скоро сите iOS уреди кои го имаат надградено iOS оперативниот систем во 4.3.3 верзија.

Jailbrake или отклучување на телефонот значи дека ќе може да си ги персонализирате сетинзите на iОS уредот по ваша желба, а не како што е сетирано според default. Пример, отклучен iOS уред ќе може да стартува апликации кои се тргнати од Apple App Store.

Се што треба да се направи е да се отвори Jailbreakme.com преку iOS уредот, да се инсталира бесплатнатa апликација и толку – вашиот уред е „ослободен“. Потоа користејќи ја Cydia ќе може да си го персонализирате телефонот со разни теми и подобрувања.

Ако сакате да го вратите вашиот iOS уред во првобитната default состојба, се што треба да се направи е да се приклучи уредот на iTunes и да се кликне Restore.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top