0 коментари 2 мин. читање 6 јули, 2011

Google ќе ги избрише сите приватни Google+ профили по 31 јули

Google бара сите Google профили да бидат јавни бидејќи „веруваме дека користењето на Google профили помага луѓето ве да најдат и де се поврзат со вас онлајн, што е и како продуктот е најдобро користен. Приватните профили не го дозволуваат ова, така да мора да побараме сите профили да бидат јавни“.

Но, без паника. За да биде јавен профил се што треба да содржи е име и пол, кои се двете барани информации.

Доколку сакате профилот да остане приватен, вели Google, избришете го или ние по 31 јуни ќе го тргнеме. Во принцип оваа „барање“ се однесува на можноста луѓето да се поврзуваат преку Google+ мрежата. Ако сакате приватност, тогаш нема поента да се приклучите на друштвена мрежа со приватен, скриен профил. Ако сакате приватност не отварајте Google профил. Но, ако сте на мрежа тогаш тоа значи дека сакате да се поврзувате со луѓето.

За да задржите контрола на приватноста можете да ги прелистате опциите за приватност, да исклучите Google да ве вклучува во јавното интернет пребарување, и секако проверете како вашиот профил изгледа за други луѓе со куцање на Anyone on the web во десното поле View profile as…

(Via Search Engine Land)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top