18 коментари 2 мин. читање

Сензација! Шокантно! .мк медиуми против дигиталниот свет

Што е тоа што .мк медиуми не знаат да го направат?

Да почнеме од новинарската пракса за проверување на изворите. Да почеме со неколку алатки кои се дизајнирани да му помогнат на новинарот да ги дознае информациите, да ги провери изворите.

  • Google News – Сите светски медиуми на едно место кои се отвараат со еден клик, со еден термин. Внесете „Michelle Obama“ во Google Search и ќе видите кои светски медими што пишуваат за неа.

Не знам зошто Washington Post, New York Times, BBC и многу други сериозни медиуми одбиваат да напишат за или да ја проверат веста дека првата дама на САД ќе се разведе со претседателот на САД, што би било приказна со неверојатно влијание, посебно во моментите кога започнува трката за вториот мандат. Можеби бидејќи не читаат македонски медиуми.

Едвај шкрабнале 2 реда да изгледа како вест

  • Twitter Search – Да чуеме од друштвените мрежи, што велат корисниците кои често знаат да се закачат за приказна која не мора да е тoчна, која не се води по новинарскито кодекс и да ја направат популарна. Проверете ја мрежата со над 100 милиони корисници и нема да најдете твит за разведувањето, туку ќе најдете за како Мишел Обама се сретна со Нелсон Мандела и другите детали од нејзината турнија низ Африка!

Иронијата за македонските медиуми е што само пред неколку дена Twitter претстави алатки за новинарите за правилно да ги користат друштвените мрежи да се дојде до информација. Тие Twitter совети велеа дека со мрежата можат да се следат медиуми и новинари кои се доверлив извор, да се искомуницира со нив или да се провери информацијата.

Но, тоа не е доволно. Апсурдната вест, која дури не доликува ни на вест од сатиричниот Onion бидејќи е прекратка и глупава, се пренесе од деветнаесет македонски медиуми и портали. Деветнаесет! Без да проверат, само copy-paste, во потрага по повеќе читатели. Очаен обид.

Aх да, тие се повикуваат на Globe магазинот како извор. Globe е сензационалистички медиум за трачеви. Globe не е достапен за македонските корисници и со тоа не може да се линка за да се покаже правиот извор. Но, има проксија. Еве како изгледа „големата вест“ пренесена од 19-те .мк медиуми.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

18 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top