0 коментари 1 мин. читање

Wikipedia додава љубовно копче да ја мотивира заедницата

Копчето кое е во облик на срце и е ставено на десниот ќош од корисничката страна, е поставено бидејќи, како што пишува Wikipedia во својот пост, уредувањето на страните станува се потешко, па новите корисници често добиваат поправки и критики. За да тоа искуство не биде демотивирачки, корисниците ќе можат да ја споделат својата „љубов“ за уредувачот и трудот, иако можеби му го поправиле текстот.

Со кликање на копчето се стартува „љубовниот интерфејс“ преку кој може да се поклони маченце, ѕвезда или пиво. Заедно со мачето или пиво може да се додаде текст на пораката.

Wikilove ќе се појави на англиската Wikipedia на 29-ти јуни, а доколку на некој корисник не му се допаѓа љубовното копче ќе може да ги изгаси.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top