„До сега, комуникацијата во реално време бара користење на лиценцирана технологија за сигнал што е најчесто доставена преку плагини и симнувања на клиенти. Со WebRTC, го ослободуваме гласот и видео енџинот од нашата аквизиција на GIPS, давајќи им пристап на програмерите до најмодерни технологии за процесирање на сигналот, користејќи BSD лиценца која не бара да се плаќа надоместок. Ова ќе им дозволи на програмерите да креираат гласовни и видео чет апликации преку едноставни HTML и JavaScript API-ja.”, вели Google.
Со поставување на WebRTC како видео и аудио W3C стандард во комуникациите, Google сигурно ќе добие добра HTML5 технологија која ќе може да ја искористи во своите сервиси, но, бидејќи е со отворен код WebRTC ќе може да се искористи и од други сервиси.
Google најави дека ќе продолжи да работи со Mozilla и Opera да направи технологија која ќе се користи од пошироката веб заедница.







