Google Developer Groups (GDGs) е иницијатива на Google за креирање и поддршка на локално организирани заедници на програмери кои се заинтересирани за development технологиите на Google. Она што е добра вест и не радува е дека инспирирана од глобалната Google Developer Group, во Скопје е креирана и локална заедница на програмери дизајнери и претприемачи.
Во фокусот се мобилната и веб технологија, интернет на нештата, машинско учење и технологии за облакот.
Локалната заедница постои од март оваа година, а веќе ветуваат дека ќе организираат настани, хакатони и работилници со цел да се креира и зајакне локалниот екосистем. Секако првите неколку настани ќе бидат одлична можност за запознавање, како со членовите, така и со капацитетот на самата заедница.
Засега се најавени неколку типа на настани кои заедницата ќе ги организира:
- Talks – Запознавање со најновите случувања во Google светот
- Codelabs -Практично искуство и насоки од членовите на заедницата
- Campus Roadshows – Споделување знаења во различни компании, факултети и универзитети
- Live viewing parties – Заедничко следење на конференци и други настани од Google
- HashCode hubs – Глобални онлајн натпреварувања
Првиот настан
Првиот настан е закажан за 15 мај во Парк Хотел. Први своето знаење ќе го споделат Симона Иванова и Давид Симеоновски од Web Factory. Тие ќе го споделат своето искуство од „Santander Customer Transaction Prediction“, настан на кој беа во топ 2% натпреварувачи. Темата на говорот е „Kaggle: A great way to get into data science“.

Во презентацијата е предвидено демо во кое ќе покажат како девелопери и ентузијасти можат да се приклучат на Kaggle и да ги прошират своите познавања.

Настанот ќе започне од 18 часот, а ќе има место за првите 80 кои ќе се пријават. Повеќе податоци за настанот на facebook страницата.







