1 коментар 1 мин. читање

Нема „страшни“ новини во најавениот Linux kernel 3.0

Со новата 3.0.0-rc1 верзија кодот е оптимизиран за AMD Fusion и Intel-овите Ivy и Sandy Bridge процесори и има подобрени графички драјвери.

Сепак, како што вели г. Торвалдс големи промени нема, туку само поново нумерирање. Претходната 2.0 верзија беше објавена пред 15 години.

„Секако, ги имаме стандардните промени на две-третини од драјверите, и многу случајни поправки, но поентата е дека 3.0 е само за менување на бројот, не правиме KDE-4 или Gnome-3. Нема новини, нема специјално страшни нови опции, ништо од таков вид… Нема ABI промени, нема API промени, нема магични нови опции, само стабилен бавен прогрес.“

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top