1 коментар 2 мин. читање 18 април, 2019

Летајте низ мапи на познати Nintendo игри со Noclip

Noclip веб сајтот се препорачува на сите носталгично-настроени гејмерски души кои сакаат да ги истражат игрите на нивното детство од малку поразлична перспектива. Имено, на овој веб сајт, можете да летате низ мапи на класични игри на Nintendo. Користејќи ја тастатурата и глувчето, можете да ги истражувате мапите на игри како Mario Kart Wii, Super Mario Galaxy, Ocarina of Time, Luigi’s Mansion, како и бројни други игри од платформите Wii, GameCube, DS, и 3DS.

За веродостојен и автентичен приказ, мапите користат код кој е директно извлечен од самите игри (data-mined code), а за подобар увид во дизајнерскиот процес, имате на располагање и статистички податоци како број на нацртани тријаголници и поставени бафери. Паралелно со ова, можете да си играте со елементи како бои, текстури, различни полиња на видик, брзина на камерата и слични контроли.

Nintendo се познати по брзо и ефикасно ставање крај на вакви проекти, но дури нивните игри да бидат повлечени, на располагање имате и мапи од игри на други девелопери, како мапи за Dark Souls, Psychonauts, и слично.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top