0 коментари 2 мин. читање 18 април, 2019

Assassin’s Creed Unity е бесплатна на uPlay

Набргу по немилите настани во кои голем пожар ја зафати Богородичната црква во Париз, издавачката куќа Ubisoft донира половина милион евра за реставрација на оваа историско обележје. Паралелно со ова, француските издавачи ја подаруваат и Assassin’s Creed Unity – играта која е сместена во Париз и која, меѓудругото, се одликува со верна репрезентација на познатата катедрала.

PC верзијата на Unity можете бесплатно да ја преземете од продавницата на Ubisoft, но потребно е оставање податоци од вашата кредитна картичка. Еднаш штом ја прикачите на вашиот uPlay акаунт, можете да ја играте засекогаш.

„Видео игрите можат да нѝ овозможат да истражуваме места на начини кои се незамисливи (во вистинскиот живот). Се надеваме, дека со овој мал гест, ќе можеме да овозможиме сите да добијат шанса да го ценат нашиот виртуелен допринос на оваа монументално парче архитектура.“, пишуваат од Ubisoft.

Assassin’s Creed Unity имаше катастрофално лош старт и често се прикажува како најбаговитата Assassin’s Creed игра. Дел од проблематичните работи се исправија и реалистичната репрезентација на Париз вреди да се искуси. Во меѓувреме, Ubisoft ги продава сите други Assassin’s Creed игри со попусти до 75%.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top