3 коментари 1 мин. читање

Сега може да купувате Android апликации и од Македонија

</надополнување>

Google најави дека од наскоро, за недела-две Android корисниците од Mакедонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Словенија, заедно со уште 93 дополнителни земји, ќе можат да ги купуват апликации од Android Market. Вкупно 131 земја во светот сега имаат пристап до поквалитетни апликации, но не од секоја можат да се продаваат.

За жал не беше споменато кога .мк програмерите и развивачите кои ќе можат да заработуваат од своите апликации. Во својата I/O презентација Ерик Чу од Google зборуваше само за купувачите, не и за дополнителни земји од каде можат да се продаваат апликации.

Покрај добрата вест за Македонија и регионот, Google објави и неколку подобрувања на продавницата за апликација додавајќи опции за Users also viewеd/installed, категории како Trending, ќе има Editors Choice, заедно со уште еден куп новини кои се со цел да се подобри пребарувањето на апликациите. Целата презентација од I/O 2011-та може да ја видите во видеото подолу. (делот со додадените земји е околу 46-та минута)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top