Ќе има купување на добра и сервиси директно од самите апликации. Ова може да значи и извршување на микротрансакции пример во самите игри. Ќе има опција за инсталирање на trail апликација пред да се одлучи да се купи целата верзија од истата апликација. Ваква новина се појави и во новиот Ubuntu.
Земајќи в обзир дека ова е како и секоја веб продавница, апликациите ќе си имаат оценка и рецензии од самите корисници, а корисниците ќе можат да праќаат и извештаи за проблеми до развивачите/програмерите.
За апликациите ќе стојат информации за минимална системска конфигурација, лиценца, категорија, функционалност, скриншотови и линкови до форуми за поддршка.
(via Next Web)