3 коментари 1 мин. читање

Надополнето: Facebook одговори на критиките од Асанж

Facebook на oва одговори дека неговите забелешки се претерани во смисла на откривање на себе преку Facebook профил.

„Не одговараме на притисок, одговараме на задолжителни законски процеси. Никогаш не имало момент кога сме биле притиснати да предадеме информации – сме се бореле секогаш кога верувавме дека законските процеси се непотребни. Законските стандaрди за барање на компанија да предаде податоци се одредени според законите на земјата, а ние ги почитуваме тие закони.“, вели портпарол од Facebook за Forbes.

</надополнување:>

Facebook, Google, Yahoo, скоро сите американски веб сервиси имаат вградени интерфејси за американските служби, вели основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, додавајќи дека секое поврзување на Facebook значи и завршување работа за американските разузнавачи да изградат електронска дата база за корисниците.

„Посебно Facebook е најзастрашувачка машина за шпионирање, со најбогатата дата база за личните информации на луѓето, нивните пријатели, нивните адреси, нивната локација, нивните врски, нивната комуникација… сите информации се сместени во САД, сите достапни за американските разузнавачки служби.“, вели г. Асанж во интервју за Russia Today.

Тој вели дека Facebook не е воден од американските служби, но постои легална шанса да се искористи законот да се направи притисок врз веб сервисите. Интересно, г. Асанж додаде и дека најконтроверзните документи сé уште не се објавени.

(via The Next Web)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top