0 коментари 2 мин. читање 13 ноември, 2018

Ќе можете ли да ја играте Crackdown 3?

Crackdown 3 е една од нај очекуваните игри. Претпоставуваме дека таквото нешто се должи и на долгата историја од чести одложувања. По прв пат, играта беше најавена на Е3 настанот од 2014 година. По неколку задевања и одложувања, Microsoft се заколна дека Crackdown 3 ќе ја здогледа светлината на денот во февруари 2019 година. Со цел да го одржат пламенот и да нè потсетат дека не заборавиле на ветувањето, неодамна се објави и системската побарувачка.

За минимално искуство во акционата-авантура на Sumo Digital ќе ви биде потребен Windows 10 оперативен систем, со процесор Intel i5 3470, 8GB RAM, и Geforce 750 Ti. По се изгледа, најголемите удари по џебот на гејмерот се во поглед на барањата за Win10 и графичка карта. Оние, пак, кои имаат нешто подобар процесор (Intel i5 4690 или AMD FX-8350), и понова графичка карта (Geforce 970 или Geforce 1060), максимално ќе можат да се втурнат во сеењето хаос низ Њу Провиденс.

Колку ќе биде Crackdown 3 различна од претходните игри?

Crackdown 3 е сместена 10 години по настаните во Crackdown 2. Тројката го задржува претходно зацртаниот урнек кој е препознатлив за серијалот и ви дозволува да им ставите крај на непријателите преку користење арсенал од деструктивни оружја, а и да возите некое од бројните возила низ градот. Skills for Kills и понатаму ќе биде присутен и ќе ви дозволи да ги надградувате вашите вештини преку убивање непријатели со различни алатки. Gangs Bite Back ќе биде целосно нов систем каде им го привлекувате вниманието на босовите така што уништувате локации или елементи во кои тие специјализираат. Crackdown 3 се фали и со деструктивна околина и мрежен дел во кој целиот град може да се срамни до земја.

Crackdown 3 излегува на 15.февруари.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top