Како што пишав неодамна, во Македонија има 6 сервиси за групно купување. Секој со свој сајт, односно Facebook апликација, секој со свои дневни попусти, секој со свои имејл пораки… Сево ова може на корисникот да му биде напорно. Наместо да се шета меѓу сајтовите и да ги разгледува понудите кои се менуваат дневно, логичниот чекор, како што се случи тоа со вестите во минатото, е да се агрегираат, односно да се соберат попустите на едно место.
Попуст.бе, покрај малку чудниот домен, има интересен и лесен преглед на петте сервиси за групно купување. Не го агрегира само Гага.мк бидејќи тој сервис се уште не стартувал.
Попуст.бе e сервис на g6solutions, односно луѓето зад 0.mk скратувачот на линкови.
Finally after 13 hours POPUST.be is up and running!

Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.