0 коментари 1 мин. читање

Snapdragon 675 е нов процесор од средна класа за телефон

Qualcomm го најави Snapdragon 675 процесорот кој ќе се користи за телефоните и таблет компјутери до средна класа. Процесорот доаѓа само неколку месеци откако компанијата го претстави Snapdragon 670.

Иако на прв поглед на спецификациите речиси и да нема разлика помеѓу двата процесори, Snapdragon 675 доаѓа со нова Kryo 460 микроархитектура, јави AnandTech. Процесорот доаѓа со два high-power Kryo процесори на 2 GHz, и 6 low-power процесори на 1,7 GHz.

Процесорот се фокусира во три области: гејминг, фотографии и вештачка интелигенција. Процесорот е оптимизиран за најголем дел од енџините за игри: Unity, Unreal, Messiah и NeoX. Според ветувањата Snapdragon 675 ќе обезбеди и повеќе од доволно фрејмови за игрите да „летаат“.

Процесорот овозможува фотографирање во сите услови. Ова пред сѐ e благодарение на Qualcomm Spectra 200 ISP. Она што е интересно е дека процесорот е оптимизиран за телефони со тројна камера.

Конечно вештачката интелигенција е надградена со нов повеќе-јадрен AI енџин. Сите чипови на процесорот Hexagon DSP, Adreno GPU и Kryo CPU се дизајнирани за подобра и побрза работа на вештачката интелигенција.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top