0 коментари 1 мин. читање

Помалку инвестиции во стартапи во Европа

Инвестирањето во стартапи во Европа во последното  тримесечје е значително намалено. Ова секако се лоши вести за новите компании во Европа.

Секако Брегзит и договорите со Велика Британија имаат улога, а можеби и третото тримесечје е „побавно“ за инвестирање. Во овој период во стартапи се инвестирани 4,58 милијарди евра, пад од 21% во однос на истиот период минатата година, јави Venture Beat.

Најмногу средства се инвестирани во стартапи од Британија, дури 1,97 милијарди евра. Во француски стартапи се инвестирани 586 милиони евра, а во германски компании се инвестирани 544,81 милиони евра. Сличен е и распоредот по бројот на инвестиции. На Обединетото Kралство отпаѓаат 31%; на Франција 11% и на Германија 12%.

Трите стартапи кои добија најголема инвестиција во третото тримесечје се: Farfetch Ltd. – Обединето Кралство; Marley Spoon AG – Германија; Navya SAS – Франција

Повеќе податоци за инвестирањето во фондови и стартапи во Европа, можете да прочитате во извештајот на Dow Jones.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top