Најдобрите маркетинг говорници доаѓаат на AllWeb во Скопје

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

По седми пат во Скопје ќе се соберат најдобрите маркетинг говорници за да ги споделат најновите трендови и предвидувања во дигиталните комуникации. На сцената на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, покрај веќе најавените ќе застанат и Роџер Едвардс, домаќинот на популарниот подкаст Маркетинг и финансии, Недим Шабич– експерт за оптимизација на Интернет пребарувачи и Горјан Јовановски, од Booking.com.

Централната тема на конференцијата е дигитална трансформација, но организаторите најавуваат презентации и дискусии и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата.

„По успешното трето издание на AllWeb во Тирана, Албанија, среќни сме да најавиме уште тројца говорници на годинешната конференција во Скопје, што ќе се одржи на 16 ноември“- вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb. „Веруваме дека секој од нив, со презентација во своето поле на интерес и експертиза, ќе придонесе програмата да биде уште поквалитетна и поинтересна за посетителите“- додава тој.

Влезниците за конференцијата се веќе во продажба преку allweb.mk.  Поради големиот интерес, рокот за купување на Early Bird влезниците, кои се со 50 евра пониска цена од регуларните, е продолжен за дополнителни пет дена и истекува на 19 октомври.

Организаторите досега го потврдија учеството на Мет Десмајер- директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ– консултант за дигитална трансформација и автор на книгата Дигитален Пре-маркетинг и Владимир Тошиќ– менаџер за дигитални комуникации во The Coca-Cola Company за југоисточна Европа. Но, нема да застанат тука. Во наредниот период ќе бидат објавени имињата и на останатите говорници.

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.


Напомена: IT.mk е медиумски партнер на конференцијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

Fullstack Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk