0 коментари 2 мин. читање 10 октомври, 2018

Instagram со вештачка интелигенција ќе ги брка насилниците

Instagram ја доби првата функционалност откако платформата ја напуштија нејзините основачи. Станува збор за вештачка интелигенција која ќе ја скенира содржината и ќе реагира ако забележи изживување или насилство.

„Денес објавуваме нови алатки за да помогнеме во борбата против малтретирањето, вклучувајќи и нов начин за идентификување и пријавување на малтретирање со фотографии. Воведуваме ефект на камерата за да помогнеме и да шириме љубезност во приказните. Како нов шеф на Instagram, горд сум што може да ја надградам нашата посветеност да го направам Instagram пољубезна и побезбедна заедница за секого“, вели шефот на Instagram Алан Мосери.

Кога се однесува на текстот платформата го овозможуваше ова од претходно. Промената е што сега со помош на вештачка интелигенција истото ќе треба да се прави и на со сликите.

Како ќе се прави ова? Станува збор за посложен алгоритам, кој ќе проверува на пример дали на сликите има двајца луѓе еден покрај друг. Ако има, дали навистина станува збор за злонамерна споредба.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top