1 коментар 2 мин. читање 10 октомври, 2018

Facebook го претстави својот прв хардвер

Се чини дека сите компании кои работат со софтвер порано или подоцна мора да претстават хардвер. Тоа е случај со Amazon, Microsoft, Google и куп друго компании, а сега на оваа листа се приклучува и Facebook.

Facebook Portal и Portal Plus се два дисплеи наменети за видео разговори. Уредите не можат да прават многу. Освен разговор може да се користат за пуштање музика и за стрим на видео од Facebook Watch. Музиката доаѓа преку Spotify или Pandora.

Уредите се активираат преку „Hey Portal“ гласовната команда. Ова се прави преку Alexa на Amazon која е интегрирана во самиот уред. Она што компанијата се обидува да го нарави е да ги убеди корисниците дека станува збор за безбеден уред. Доаѓа со посебно внимание на приватноста, па дури камерите доаѓаат со прекривка коja ги покрива кога не се користат.

Најголема функционалност на уредот е помалку морничава. Камерата може да го следи корисникот додека се движи, што го прави одличен за видео разговор. Ова секако ќе беше добредојдена функционалност да доаѓаше од компанија која веќе нема проблеми со заштита на приватноста на корисниците.

Ова не е прв производ кој го продава компанија, но Oculus Rift е главно развиен надвор од друштвената мрежа, и во компанијата влезе како готов производ.

Portal и Portal+ чинат 200, односно 350 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top