0 коментари 1 мин. читање

Едноставна злоупотреба на CSS го исклучува iPhone

Истражувач пронајде пропуст во „WebKit“ на Apple што овозможува секој пат кога корисникот ќе пристапи на страница или апликација да се рестартира уредот.

Искористувањето на пропустот е едноставно и потребни се неколку реда код. Вгнездувањето на куп елементи со „backdrop filter“ во CSS ќе ги искористи сите ресурси на уредот и телефонот ќе исклучи и ќе се рестартира. Кодот може да го погледнете на Github.

„Сè што рендерира HTML iOS е зафатено“, вели Сабри Хадуч за TechCrunch.

Интересно, пропустот е присутен единствено на iOS. Microsoft Edge на пример користи „backdrop filter“, но прелистувачот едноставно го прекинува процесот по неколку обиди.

Лоша вест е дека и на најновата верзија на оперативниот систем iOS 12 бета, телефонот се гаси или се рестартира. За среќа освен непријатноста, нема друга опасност. Пропустот не овозможува простор со кој некој напаѓач би дошол до податоци на корисникот или би се здобил со контрола врз уредот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top