Загадувањето на воздухот е сериозен проблем на повеќе метрополи и поголеми градови. Во Македонија проблем е загадувањето на воздухот во неколку градови, а благодарение најмногу на МојВоздух граѓаните се информираа за загадувањето и опасностите.
За прв пат навистина глобална компанија влегува во овој сегмент. Google ќе креира „хит“ мапа од загадувањето, и во зависност од боите луѓето ќе знаат колку е загадувањето на мапата.
Она што е поинтересно е начинот на кој ќе се собираат овие податоци. Google има 50 возила во Хјустон, Мексико Сити и Сиднеј. Овие возила се опремени со сензори кои ќе го мерат загадувањето додека возат.
Со оглед на тоа дека огромен дел од населението дише загаден и потенцијално опасен воздух, јасно е дека нешто ќе треба да се направи за подобра иднина.
„Со години соработуваме со Aclima за да ја тестираме технологијата. Возбудени сме што може да го направиме следниот чекор и да ја започнеме следната фаза: проширување на повеќе локации во целиот свет преку Street View. Овие мерења ќе им овозможат на градовите да имаат увид до ниво на населби и да ги забрзаат своите напори кои паметни и поздрави градови“, вели Карен Туксен Бетман од Google Earth Outreach.