Ова е доста интересна статистика која од една страна покажува дека македонските веб сајтови можат да бидат, и се, доста посетувани. Од друга како извор на информација и гледано според најпопуларните вести од Tocka.com.mk, бројната публика е целосно заинтересирана за забавна содржина и секс.
„Најчитани се breaking news вестите, еротика како и шоу биз вестите. Моментално гледам дека информациите на сајтот за Боки 13-ка рушат рекорди :). Исто така до сега најбрз прогрес на читаност имаше веста за смртта на Ксенија Пајчин каде на секој рефреш на 5 секунди веста беше прочитана за 100 нови кликови. За неколку часа веста достигна над 20.000 прегледувања.“ Вели Никола Пехливанов, основач на Tocka.com.mk.
Втората страна може сериозно да ги загрижи македонските печатени медиуми бидејќи има сомнежи дека тие можат да испорачаат до 30-40.000 дневни тиражи, што забавните портали како Tocka.com.mk, Кајгана, On.net.mk или агрегаторите на вести како Time.mk, Daily.mk.. го прават секој ден. Можеби содржината е различна до одредена граница, но тоа што би требало да ги загрижи медиумите е брзината на објавувањето на вести како и споделување на содржината на друштвените мрежи. Според Google Analytics на Tocka.com.mk, дури 27% од посетеноста доаѓа од Facebook.com.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.