0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2018

DJI претстави нов супер-лесен и мал дрон со можност за снимање на 4К-видео

Mavic Air e новиот дрон од производителот DJI. Квaлитетот на дроновите на DJI е неспорен, па производителот речиси има монопол на пазарот на летала за ентузијасти.

Mavic Air тежи едвај 400 грама, а спакуван може да се постави на тетратка. Според производителот може да лета со брзина до 68 km/h и на растојание до 4 километри. Сепак со телефон ова растојание значително се намалува на 80 метри, пренесе Ars Technica. Леталото е ограничено и на 21 минута време на летање. Овозможени се неколку различни автоматски модови на летање.

Дронот доаѓа со камера која може да снима 4К видео, или 12 МР фотографии. При фоографирање на панорамски фотографии резолуцијата е до 32МР. За фотографирање корисникот може да ги издава командите со гестикулации, така командата за селфи е рамка од палци и показалци.

Видеото со 4К резолуција е со 30 фрејма  во секунда. Видеата со 1080р резолуција можат да бидат снимани со 60 фрејма во секунда. Благодарение на гимбалот со 3-оски, стабилизација на камерата е нешто подобра во споредба со вообичаените модели.

Леталото веќе е достапно во предпродажба, а испораките започнуваат на 28 јануари. Цената на Mavic Air е 800 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top