0 коментари 2 мин. читање 14 декември, 2017

Колкав интернет сообраќај може да помине низ мокро јаже?

Мал британски интернет провајдер, Andrews and Arnold, реши од забава да тестира колкав е капацитетот на мокро јаже. Јажето кое го тестираа беше долго 2 метри, а достигнaа 3.5Mbps.

„Да бидам искрен ова беше само малку забава која сакаше да ја спроведе еден од техничарите. Имавме опрема со која можевме да тестираме во канцеларија, па си рековме, зошто да не?“, вели Адријан Кенард за BBC.

Провајдерот тестираше ADSL врска, а експериментот е добар показател и за издржливоста на ADSL.

Секако, нема никаква намера ниту идеја за користење на оваа технологија во комерцијални цели. Експериментот е направен со солена вода. Иако солената вода не добар спроводник (далеку полош од бакарот кој се користи,) сепак доволно добро ја спроведува електричната енергија за овој експеримент.

„Овде мокрото јаже се користи како брановод за пренос на електромагнетен бран. Бидејќи сигналот за пренос во овој случај е високо фреквентен, не е премногу важно кој е материјалот кој се користи“ објаснува професорот Џим Ал Калили.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top