0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2017

Инвестиција од 250.000 евра за хратскиот развивач на видеоигри Void Main Studio

Void Main Studio доби инвестиција од 250.000 евра. Она што е интересно е дека сите средства доаѓаат од локални инвеститори, јави Netokracija.

Void Main Studio доаѓаат од Осиек и се прво студио од овој град. Компанијата соработува со постарото студио Reboot на играта Reboot Overlords. Основачите на студиото самите се доволно искусни за да можат да започнат со развој на игри, но инспирацијата и ентузијазмот го црпат од средината. Над 40 пријавени за обука на нивната академија, ги охрабри да продолжат со развој.

Од Void Main сакаат и да изградат локална заедница која ќе им помага во развојот на видеоигри во иднина. За инвестициите биле клучни неколку работи:

„Ни помагаат неколку работи. Најпрво угледот кој го имаме во Осиек и пошироко, како луѓе кои низ повеќе години креираат приказана поголема од нас преку проектот Osijek Software City, и резултатите кои произлегуваат од оваа приказна. Второ, јасен e планот за развојот на компанијата и што сакаме да постигнеме како студио за развој на видео игри. Најважно, луѓето кои ги имавме, кои ни овозможуваат раст и развој како студио“, вели Бела Икотиќ, основач на Void Main.

Но, развојот на студиото нема да заврши на ова ниво. Компанијата е во фаза на развој, па се надеваат дека за 2 до 3 години ќе бидат доволно силни и организирани да освојуваат и други пазари.

Презентацијата на видеоиграта Reboot Overlords наскоро на саемот InfoGamer кој се одржува од 12 до 26 во Загреб.

https://www.youtube.com/watch?v=vbt6nhT89zY

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top