Вештачката интелигенција AlphaGo по вторпат го победи најдобриот светски Го играч, Ки Џие. Со ова новата верзија на AlphaGo е сè уште без пораз.
Она што ја одбележи втората партија се првите 50 потези на г. Џие кој започна со совршена партија. По првите 100 потези партијата беше најблиска одиграна против AlphaGo, вели Демис Хасабис од DeepMind. За жал ниту најдобрата партија досега не му помогна на 19 годишниот Џие да ја совлада вештачката интелигенција.
Incredible. According to #AlphaGo evaluations Ke Jie is playing perfectly at the moment.
— Demis Hassabis (@demishassabis) May 25, 2017
За сите кои не ја разбираат возбудата околу AlphaGo, можеби најдобар показател е дека до пред неколку години компјутер кој би мoжел да ги победи луѓето се предвидуваше за 20 години. Причината за сложеноста е бројот на комбинации кои се преобемни дури и за најсовремените компјутери. AlphaGo не само што успева да победи туку тоа го прави постојано и троши помеѓу половина и третина од времето на противникот. За важноста на оваа вест, говореше и Игор Трајковски, основачот на Time.mk, во специјалниот серијал IT.mk/2017.
Го е една однајпопуларните игри во Кина и национална игра, но овојпат граѓаните на Кина не можеа да ги следат натпреварите во живо. Стравот од пораз на миленикот на публиката, доведе до забрана за пренос. Не само што нема видео преност, туку забранети се и аудио и текстуални преноси во живо, јави Guardian.
Натпреварите се дел од Future of Go самитот. Сепак поради можностите на машините, натпреварите еден на еден се извесни. Ревијалните натпревари во двојки составени од AlphaGo и еден натпреварувач и повеќе натпреварувачи против AlphaGo треба да бидат поинтересни.