Телеком се извини со бесплатни услуги за зафатените од прекинот

1 коментар 1 мин. читање

Голем број на корисници на фиксни и мобилни услуги на Македонски Телеком, како последица на невремето од пред два дена мораа да си пронајдат алтернативен начин на забава. Сепак голем број на корисниците не се задоволни што отстранувањето на дефектот траеше подолго, па на друштвените медиуми можат да се пронајдат секакви размислувања на таа тема. Луѓето од Македонски Телеком ќе се обидат да им компензираат на своите корисниците кои имаа прекин, со поголем број бесплатни услуги во текот на месец јуни. Ова секако е добра вест и најверојатно ќе израдува дел од корисниците.

Телеком на засегнатите корисници ќе им понуди бесплатна содржина. Ова важи за понудата во јуни кога корисниците на MaxTV ќе можат да ги гледаат, Sport HD, Pink, Grand, M1 и M1 Gold бесплатно.

Коисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетот ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни; ова важи и за Magenta 1 Business пакетот и Business Mobile корисниците. Останатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет. Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за месец јуни.

п.с. за друг пат кога ќе снема интернет (а ќе снема на кој и да сте оператор, бидејќи се работи за технологија), еве неколку совети што да правите во тие моменти.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top