Fallout 4 е бесплатна за играње викендов

По првпат од излегувањето на Fallout 4 (2015), издавачите Bethesda решија бесплатно да ги отворат портите на еден од најсложените постапокалиптични светови.

Но, само за претстојниот викенд.

Навлегувањето во Fallout 4 е повеќе од наградувачко, дури и во форма на краток дводневен престој. Играта ќе знае како ве вовлече во огромниот свет, интригантни патешествија, комплексниот гејмплеј и напредните можности за правење оружја, роботи, па дури и цели населени места.

Покрај Steam корисниците, играта ќе биде достапна и за сите Xbox LiveGold членови и тоа еден ден порано од PC гејмерите. Бесплатниот пробен период на Steam започна од 26.мај, а ќе трае сèдо 28.мај.

Искуството во кампањата не е на никој начин ограничено. Ќе можете и да активирате модови, но нема да можете да уживате во предностите кои доаѓаат со последователните премиум, платежни додатоци. За време на ваквата промоција, Fallout 4 се продава со 67% попуст. Доколку ја купите играта, непречено продолжувате со играњето од моментот кога сте застанале со пробното тестирање. Сезонската пропусница, од друга страна, е со 40% попуст, но и понатаму е дискутабилно дали цената ја оправдува содржината. Ние бевме исклучително импресионирани од проширувањето Far Harbor, но не премногу со второто поголемо проширување насловено како Nuka World.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments