PC Gamer лансира клуб за елитните читатели, дали да се претплатите?

PC Gamer, едно од најпознатите гејмерски списанија и веб сајтови лансира нов дигитален клуб кој, за 5 долари месечно, ви дозволува легендарно членство и дружба со дигитална копија од нивното списание, веб сајт без какви било реклами, дигитална копија од ултимативниот прирачник за RPG игри, следење на нивниот канал на Discord и клучеви за игри.

Моментниот изглед на PC Gamer

Земајќи го во предвид легендарното бомбардирање со реклами, кое е дополнително охрабрено со константно освежување на страната и неуморно пласирање нови реклами, секојдневните читатели на сајтот добиваат релаксирачко искуство како членови од клубот, а месечна копија од дигиталното списание е одличен охрабрувачки бонус. Згора на ова, учествувате во бројни дискусии преку каналот Discord и добивате увид во интересни размислувања за вашето омилено хоби. Како да ова не е доволно, PC Gamer ги наградува легендарните членови со клучеви за Steam игри и бета пристапи до одредени игри.

Звучи исплатливо?

Поевтината опција е далеку од поисплатливата аплтернатива

Magzter ви нуди неограничено читање на над 4000 дигитални списанија, меѓу кои и PC Gamer, за 8 долари месечно. Моментно, можете да искористите промоција за годишна претплата која изнесува нешто повеќе од 4 долари месечно. Ова е значително поисплатливо затоа што добивате на располагање многу повеќе за помалку. Што се однесува за месечно доделување еден Steam клуч, PC Gamer за таквото нешто соработува со Bundle Stars и, знаејќи ја нивната историја, претпоставуваме дека клучевите ќе бидат од инди игри кои или често биле дел од евтини пакети или пак наскоро ќе бидат на понуда. Би можеле да сакате да се претплатите бидејќи сте редовни посетители на сајтот и ви е преку глава од наметливите реклами, но и за тоа има бесплатно решение, односно преку агрегатори на вести кои прикажуваат содржини од стотици сајтови на лесен и ненаметлив начин.

По се изгледа, највеќе од ова ќе извлечат редовните читатели кои би сакале на некој начин да го поддржат тимот, а притоа да добијат нешто за возврат. Работите дополнително би можеле да се сменат доколку Steam клучевите се за поквалитетни игри, но за тоа времето ќе покаже.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Front-End Developer

Медиа План ДООЕЛ Скопје

ИТ Администратор

види ги сите огласи на kariera.it.mk