1 коментар 2 мин. читање 31 март, 2017

ИТ Настан: НЛБ Банка и Valoso Hub ве повикуваат на хакатон

НЛБ Банка и Valoso Hub ги повикуваат сите заинтересирани на хакатон натпревар. Настанот е закажан за 22 и 23 април во просториите на Valoso Hub.

Целта на хакатонот е преку иновативно решение да се намали бројот на корисници кои физички доаѓаат во банката. Корисниците можат и да крeираат нов сервис или да популаризираат некои од онлајн услугите на банката. Конечно, развивачите можат и да најдат решение кое ќе привлече помлади корисници.

На натпреварот може да се пријават поединци и тимови од тројца. Овој пат најважна ќе биде практичната имплементација на решението и ќе носи 30% од поените; потоа следи иновацијата, 25%; оригиналност/креативност, 20%; стратешко размислување 15% и аналитички вештини 10% од вкупниот број на поени.

Победниците на хакатонот ќе добијат WonderTech Voyager Drone. За изборот на најдобро решение ќе се погрижи четиричлено жири, а победниците ќе бидат известени на 25 април. Секако самото искуство од учество на хакатонот е најголема награда за сите учесници. Сите заинтересирани треба да се регистраат за хакатонот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top