Рецензија: слушалки Sennheiser HD 485

во Рецензии, Хардвер

„Кабелот е доволно долг да обезбеди комфорно седење пред компјутер или телевизор и со неговата должина обезбедува многу комфорно чувство за разлика од пократок кабел кој создава чувство на врзаност за изворот на кој слушалките се приклучени. Конекторите на кабелот се 3.5 мм а со слушалките доаѓа 6.3 мм позлатен адаптер. Ова ги прави перфектни за вклучување во преносливи извори на звук или најголем дел од звучни картички на компјутер зашто конекторот е мал а поголемиот адаптер е оној кој може да се монтира по потреба.“, пишува Ѓокица.

„Звукот преку 485 е изразен а сепак нежен и многу топол за уво. Почетокот на композицијата е споро лупање со ниски тонови кои го доловуваат чувството на почеток на тензија на филмското платно како да сум во кино сала со многу моќно озвучување. Задвижен сум од ударите на ударачкиот инструмент. Како музиката добива динамика во текот на композицијата така се разигрува звукот по целиот опсег а во моментот на кулминација (накаде на околу 2 минути и 20 секунди од песната) звукот почнува да ме движи пред се должејќи се на изразеноста на долните тонови. Едноставно како да сум во оперска куќа и слушам огромен оркестар во живо со единствена разлика која можеби диференцира од природниот звук на инструментите во живо…“

прекрасната рецензија можете да ја прочитате на форум.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Васе
Васе
15 years ago

Каде ги купи слушалките?