7 коментари 1 мин. читање

„Грабни попуст“ е нов .мк сервис за групно купување

Овој сервис како и сите други сервиси за групно купување, работи така што дневно се пласираат различни попусти од локални бизниси. За попустот да биде успешен треба да има одреден број на заинтересирани корисниците, затоа се вика и групно купување. Ако ви се допаѓаат можете да ги купите со плаќање преку интернет, по што ќе добиете купон во вашето електронско сандаче (имејл) кој можете да го искористите по подолг период. Парите од корисниците се резервираат се додека не се собере минималниот број заинтересирани и попустот стане успешен. Ако нема доволно број заинтересирани, попустот е неуспешен, а парите се враќаат на корисниците.

Покрај Grabnipopust.mk во Македонија има уште два сервиса, Grouper и Kolektiva кои имаа супер почеток со голем број на продадени купони. Македонската публика брзо го прифати овој тренд кој сеуште добива на популарност. Со појавата на трет сервис конкуренцијата ќе се зголеми, а и изборот за купувачите ќе биде поголем.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top