8 коментари 2 мин. читање

Никола Тесла ги предвиди мобилните телефони уште во 1909

Еве преведен дел од исечок со размислувањата на Никола Тесла:

„Вниманието на светот беше привлечено и задржано од безжичниот телеграф, иако ова се уште е примитивно користење на уметноста. До сега, се користеа само електрични бранови, кои се бргу губат во нивното патување низ воздухот. Можно е, да се пренесе електрична струја со огромна моќ за илјадници километри без губење на енергијата. Ова не е теорија, туку вистина поставена од многу практични експерименти. Наскоро ќе биде можно да се пренесува безжични пораки низ целиот свет толку едноставно што било кој индивидуалец ќе може да го носи и оперира со апаратусот. Безжичното пренесување на моќта преку океанот, на пример, очигледно ќе отвори цела нова ера во механичкиот развој.

Наскоро ќе биде можно, на пример, за бизнисмен од Њу Јорк да диктира инструкции и тие да се појавуваат веднаш на машина во Лондон или било каде. Тoј ќе може да се јави од своето биро и да зборува со било кој телефонски претплатник низ светот. Нема да биде потребно да се носат скапи инструменти не поголеми од часовник, кои ќе овозможат на тие што ги носат да се слушаат било каде на море или на земја во растојание од илјадници километри. Човек ќе може да слуша и пренесува говор или песна до крајот на светот. Во ист начин, било каква слика, цртеж или принтано нешто ќе може да биде пренесено од едно место на друго. Ќе биде можно да се оперираат милиони такви инструменти од една станица. Песна од голем пејач, говор на политички лидер, проповед од голема светост, предавања од научник, ќе бидат доставени до публика низ светот.

Многу поважно од ова ќе биде пренесување на електрична струја без жици преку големи дистанци. Експериментирав со модел на брод кој се оперира со електрична струја пренесена без жици, и резултатот е вчудоневидувачки. Открив дека е можно да се контролира движење на бродот апсолутно од централна станица без било каква електрична конекција… Може да очекуваме во следниве неколку години да видиме многу чуда за кои сме сонувале да станат секојдневна работа“.

(via Recombu)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top