0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Изложба на Instagram фотографии во Concept 37

Блогот за љубителите на фотографии Instagraphy организира изложба на Instagram фотографии. Изложбата е по повод првиот роденден на страницата. Настанот е закажан за 16 февруари со почеток во 21:00 часот, а ќе се одржи во Concept 37 во Скопје.

На #instagraphytk ќе бидат изложени фотографии од над 120 инстаграмџии. Истовремено изложбата има и хуманитарен карактер. Секоја од фотографиите ќе се продава за 50 денари. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Изложбата е одлична можност за средба, запознавање и дружење со Instagram заедницата во Македонија. Покрај дружба и изложба, вечерта ќе биде одлична можност за забава.

Instagraphy e вебсајт на неформалната македонска Instagram-заедница. Целта на проектот е да се прошири заедницата; да се запознаат македонските инстаграмџии; но и можност да се разгледуваат и споделуваат интересни содржини.

Повеќе податоци за настанот може да најдете на Facebook-страницата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top