17 коментари 2 мин. читање

Сакате .мк домен? Ќе мора да почекате некој месец…

Од МИО го потврдија твитот на Urnebes Host. МАРНет го креирал правилникот во 1995 година, но според Уставен суд МАРНет не е регулаторно тело кое ја има моќта да креира вакви правилници, и затоа добива забрана за работење и менаџирање на .мк домените.

Од МАРНет нема одговор, сите не префрлија кон нивната правничка Марија Маневска, но таа одби да коментира, наведувајќи други институции кои можат да одговорат.

МИО требаше да го превземе работењето со МАРНет од 1-ви јануари 2011 год., требаше да го либерализира .мк доменот, но се случи спротивното. Одлуката на Уставен суд значи дека додека не започне со работа новото координативно тело на МАРНет, граѓаните на Македонија нема да можат да регистрираат .мк домени ниту пак ќе можат да извршат било каква замена на именските опслужувачи или податоците во регистарот на МАРНет. Од МИО претпоставуваат дека до „новиот” МАРНет има околу 1-2 месеци чекање.

Според Уставниот суд правилникот на МАРНет не е соодветен според Уставот на РМ.

„Од увидот во регистрите на правните прописи што се во важност во Република Македонија произлегува дека во времето на поднесување на иницијативата во правниот поредок не постоела законска регулатива која ги уредувала прашањата поврзани со организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на Интернет и за користење на поддомените во него.“, се вели во одлуката на Уставниот суд кој понатаму додава:

„Во меѓувреме, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 15 септември 2010 година донесе Закон за основање Македонска академска истражувачка мрежа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2010 година), кој влезе во сила на 23 септември 2010 година.

Од анализата на одредбите од Закон за основање Македонска академска истражувачка мрежа неспорено произлегува дека проблематиката поврзана со основањето, статусот, задачите, работата, раководењето, управувањето, финансирањето, надзорот над работата, како и други прашања поврзани со работата на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) и корисниците на нејзините услуги за прв пат добива законска основа со овој закон и досега не била предмет на уредување со било каков важечки закон од правниот поредок на Република Македонија.“ (болдираното е додадено за нагласување на клучниот момент)

Неодамна, МАРНет беше изгласан од македонските корисници и IT.com.mk како најголемиот неуспех за 2010-та на македонската ИТ сцена.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

17 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top