1 коментар 1 мин. читање

Instagram сега има опција и за стримување на видео во живо

Instagram објави две новости: стримување на видео во живо преку Instagram Stories и опцијата за бришење на фотографии и видеа од Instagram Direct. Компанијата се пофали и дека Instagram Stories опцијата дневно е користена од над 100 милиони луѓе ширум светот.

Најавата на опцијата за стримување во живо е очекуванa, особено по успехот на Facebook Live видеата. Концептот исто така е сличен како и оној на Facebook, откако некој од корисниците кои ги следите ќе објави видео во живо, вие ќе добиете нотификација и ќе забележите Live ознака до нивниот профил. Во текот на видеото може да коментирате и лајкувате.

tumblr_inline_ogrdcyxuvs1svf3j7_540

Втората опција која друштвената мрежа ја најави е исчезнувањето на фотографии и видеа од разговори со групи и пријатели во Instagram Direct.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top